еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во сабота релативно топло со сончеви периоди, во недела и понеделник врнежи

Подрачјето на Македонија за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија од влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд, над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец од над 60 километри на час.

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Фабрика од Гостивар продавала канабис на црниот пазар, уапсени сопственикот и вработен

Редакција

Убава вест: 248 оздравени од Ковид-19

Редакција

На „Бехтел и Енка“ во моментов и требаат 2.000 работници, аплицирале само 360 заинтересирани

Редакција