еМагазин
Image default
Балкан

Во Словенија од денеска може да се вработуваат и македонски лекари специјалисти

Словенечките болници од денеска може да вработуваат лекари специјалисти од трети држави што не се членки на Европската унија, но најмногу до една година и со одобрение од Министерството за здравство.

На тие лекари стручна гаранција за работата треба да дадат три домашни лекари од иста специјалност.

Тоа е воозможено со измените на Законот за лекарска служба кои од денеска стапуваат на сила.

Владата ги предложи тие измени за да реши проблем со недостиг од специјалисти во водечките болници. Освен кардиолози, во болници во Словенија иразен е дефицит на анестезиолози, и на повик од болници на помош доаѓаат анестезиолози од Риека и од Загреб.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во река е претворен дел од автопатот Солун-Атина од бурата „Даниел“ и останува затворен за сообраќај

Редакција

ГЕРБ на Борисов дава 59 гласа за поддршка на „францускиот предлог“ за Македонија оти бил најдобар

Редакција

Косовскиот претседател Тачи поднесе оставка откако му се потврди обвинението за воени злосторства

Редакција