еМагазин
Image default
Македонија

Полесно повредени и хоспитализирани петмина македонски државјани по сообраќајка во Грција

Петмина државјани на Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа, што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот со кој се превезувале, се превртел и излетал од патот.

За извлекување на возачот била потребна интервенција од пожарникари.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека со помош на спасувачко средство и тројца пожарникари и едно возило бил извлечен возачот на автомобилот и предаден на брзата помош.

Повредените, според АНА-МПА, се пренесени во болниците во Солун и Серес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоргиев: Има смислени тенденции да се нарушуваат периодите на добри односи меѓу Скопје и Софија

Редакција

Апелација ќе одлучува за притворите на Јанакиески и Божиновски

Редакција

Нови 344 случаи на Ковид-19, во Скопје 143

Редакција