еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајка во тетовско Слатино загина 19-годишно момче од Теарце

Во сообраќајна несреќа во тетовско Слатино животот го загуби 19-годишно момче од Теарце. Несреќата се случила околу 17 часот.

– На локален пат во тетовско Слатино се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотоцикл што го управувал 19 годишник од тетовско Теарце и трактор со приколка без регистерски ознаки што го управувал 60 годишен жител на тетовско Слатино.

Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската клиничка болница по што итно бил префрлен на скопските клиники каде набргу починал, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Редакција

Кој е Петар Атанасов, заменик-министерот за образование кој поднесе оставка

Редакција

Влада: Да се затворат гранични премини Требиште и Блато и ски-центарот во Маврово

Редакција