еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Во спомен на храбрата партизанка Вера Јоциќ, напишана e една од најубавите песни „Очи“ од Ацо Шопов

Во спомен на храбрата партизанка Вера Јоциќ, е напишана една од најубавите песни „Очи“ од Ацо Шопов.

Многу училишта го носат нејзиното име, како сведоштво за незаборавот за храброста на оваа жена, која учествувала во баталјнот кој требал да го пробие обрачот од бугарските војски.

Во тие борби, кај селото Страцин Кумановско на 20 мај 1944 година, таа го извела првиот јуриш кон бугарските сили, по што била тешко ранета.

Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско.

Честит Ден на востанието!

Очи – Ацо Шопов

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.

Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.

Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела – згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
“Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, – сал неколку души…”

И кога ко игла ти прободе уши –
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!

Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш –
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна, –
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна…

И после! И после – в последната вечер…
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.

А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов – кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила –
ко елени брзи и лесни ко птица.

А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица…

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.

Фото: Македонска поезија на Инстраграм/Фото: Photo by Aaron Burden on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Две лица загинаа, а осуммина се повредени во силно невреме во Загреб

Редакција

Утре се конституира Собранието: Превирања во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ веќе договорени?

Редакција

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција