При вчерашниот претрес по налог на Основното јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземно оружје, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на извори во Обвинителството.
Станува збор за четири пиштоли за кои Груевски немал дозвола, по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага, пишува „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема ни стан, ни куќа, ни автомобил: Каков имот пријави Груевски, додека беше премиер и пратеник
Се огласи Груевски: Два стана се на мајка ми, а другите два беа под закуп, нема на име на секретарка
Фото: Груевски/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.