еМагазин
Image default
Македонија

Во Струмица наскоро ќе се прават тестови за Ковид-19

Во Центарот за јавно здравје во Струмица наскоро ќе се прават тестови за Ковид-19, а земените брисови нема да се носат секојдневно во Скопје.

Ова го соопшти директорот на оваа здравствена установа Петре Витанов, откако неодамна беше набавена ламинарна комора за да може да се изработуваат тестови за Ковид-19.

„Деновиве ќе распишеме тендер за да се комплетира целосно опремата, со која тестирањето од земање на брисови до издавање на резултатите ќе се врши во нашиот Центар. Со тоа ќе можеме тестовите да ги изработуваме што побргу и пациентите да се информираат навреме“, рече Витанов.

Освен за тестови за коронавирус, опремата може да се користи и за други инфектолошки тестирања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Редакција

153 нови случаи на Ковид-19 од 1.549 тестирања

Редакција

72 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Редакција