еМагазин
Image default
Бизнис

Во тетовско Камењане почна со работа фабрика за производство на бакарни жици и цевки

Со пригодна свеченост беше означен почетокот на работа на фабрика за производство на чист бакар, бакарни жици и бакарни цевки во тетовско Камењане, на која присуствуваа претставници на Владата, општините и други институции. Компанијата „Мултипарк Изаири“ е во сопственост на браќата Нухи и Неби Изаири од селото Камењане кои ја изградиле фабриката по повеќе децениска работа во Германија.

„Речиси две години траеше инвестицискиот проект каде најпрвин се инвестираше во земјиште и капацитети, потоа во производствена линија и во обука на персоналот. Компанијата првично ќе се занимава со производство на бакарни жици со пречник од 8-25 милиметри производ што се употребува во индустриите поврзани со електрична енергија и енергија.

Досегашната инвестиција достигна околу 3,2 милиони евра, а стратешкиот план е да продолжат уште понатаму со дополнителни инвестиции. Производниот капацитет зависи од видот и дијаметарот на жицата што се произведува, но просекот е некаде околу 5.000 тони годишно според сегашниот капацитет.

Благодарение на поддршката од локалната и централната власт, успеавме да имаме фабрика во Северна Македонија со исти услови како во Германија,“ истакна на отворањето Љумни Ајвази, директор на „Мултипарк Изаири“.

Инвеститорите, кои се повратници од странство, користат поддршка од државниот буџет согласно законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Министерот за економија Крешник Бектеши потсети дека секоја инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана до еден милион евра неповратни средства од Владата, со цел да се вратат нивните напори во својата земја.

„Полошкиот регион и општините кои гравитираат во овој регион се поддржани со повеќе од 60 отсто повеќе од истата инвестиција доколку тоа се случи во кој било друг регион, почнувајќи од регионот на градот Скопје, како најразвиен регион.

За привлекување странски инвестиции, не само од компании кои имаат странска сопственост, туку и од нашите сонародници кои живеат во странство, со најновите законски измени, секоја инвестиција што ќе се случи во Македонија од кој било иселеник што работел и делувал во дијаспората претходните пет години ќе се поддржат со дополнителни 15 отсто кои припаѓаат на странска компанија која не е во сопственост на граѓанин или сонародник,“ рече Бектеши.

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, рече дека ова е најголема финансиска поддршка што некоја Влада ја дала за инвестиција на локална компанија.

„Поддршката на Владата, која преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите ја поддржува оваа компанија, е показател за успешните економски политики на земјата, и создава поволна клима за компаниите, стимулирајќи ги да влезат во нови инвестициски циклуси.

„Мутлипарк Изаири“ во 2021 година го потпиша договорот за инвестициска финансиска помош, а само за инвестицискиот циклус од таа година компанијата доби државна финансиска помош од 47 милиони денари која ќе продолжи до крајот на нивниот проект,“ рече Битиќи.

Рече дека како Влада работат за рамноправен регионален развој, но добро е да се потенцира, додаде, дека ова е ретка компанија која е реализирана со дијаспората, што за мене е исклучително важно, овие региони, да имаат можност за напредок, така резултатите на нашето работење се видливи.

Според раководство на фабриката, за почетниот капацитет потребни се само осум работници во производниот сектор кои ќе се грижат за надзор и одржување на производната линија. Понатаму, бројката на вработените ќе достигне 15 со проширување на капацитетот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ годината ќе ја заврши со донација кон заедницата од 1,2 милиони евра

Редакција

Иван Туџаров разрешен, Билјана Несторовска-Ѓошевска избрана за член на Управниот одбор на Реплек

Редакција

Добивката на НЛБ Банка за шест месеци пораснала за 60,2%

Редакција