Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во провинцијата Сирнак, во југоисточниот дел на земјата, е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели.
„Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари,“ истакна Ердоган.
Тој претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.
МИА/Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.