Во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе имаат можност да се пријават за вработување сите кои ги исполнуваат условите, односно ќе се префрлаат вработени од други институции, но ќе има и целосно нови вработувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
– Нашата заложба е дека мора да ги јакнеме инспекциските служби и да се бориме против неформална економија, мораме да овозможиме механизам со кој ќе го контролираме системот. Во наредниот период ќе продолжат вработувањата кај инспекциските служби во сите сектори.
Но, нема да може да имаме на ниво на кое претходно сме се навикнале вештачки да се зголемува бројот. Ќе има хоризонтално движење на луѓето, но и вертикално вижење во самите институции на луѓето по различни основи за да ги пополнуваат работните места, рече на денешната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање околу новите вработувања во УЈП.
Тој вели дека не секогаш особено кај инспекциските сужби од другите институции е лесно да се најдат луѓе кои одговараат на квалификациите и затоа се дава можност и на нови луѓе да влезат. Според Битиќи, бројот одговара на потребите кои овој период се појавуваат.
Прашан колку е намален вкупниот број административци за една година, Битиќи одговори дека само по основ на пензионирање е намален за илјадници.
– На ниедна влада не е императив да се направат чекори со кои на вештачки начин ќе се намалува бројот на административците. Како што му помагаме на приватниот сектор да се зголеми продуктивноста на нивната работна сила, конкурентоста, нивната ефикасност во работата, тоа го правиме и во јавниот сектор.
На крајот на денот услугите на тие кои се од јавниот сектор доаѓаат за вас како граѓани и за мене. Ако ние на крај не можеме да добиеме услуга од тие што ги плаќаме, секако ќе бараме да се зголеми ефикасноста и ефективноста на нивното работење.
Со реорганзиацијата која е почната во јавната администрација полека ќе се намалува бројот да се оптимизираат работните места и да се зголеми квалитетот на услуги, рече Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема криза за вработувања по министерства и институции
МИА