еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По новинари и полицајци и бизнисмени од Македонија ќе се вакцинираат во Србија

Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со Владата на Србија, ќе обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, меѓу кои и од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседател на ПКС, Марко Чадеж, по средбата со министерката за здравство на Црна Гора, д-р Јелена Боровиниќ Бојиќ, изјави дека викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово кои сакаат да се заштитат од Ковид-19, соопштија од ПКС.

-Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да ја победиме оваа болест. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само на овој начин целиот регион може да оди напред, изјави Чадеж, кој исто така е и претседател на УО на Коморискиот инвестициски форум за Западен Балкан.

Чадеж кажа дека постапката за имунизација на бизнисмените од регионот е крајно едноставна.

-Потребно е само компаниите од регионот да контактираат со своите стопански комори, кои во координација со Српската стопанска комора ќе организираат вакцинација во Белград, изјави Чадеж.

Црногорската министерка д-р Јелена Боровиниќ Бојиќ му се заблагодари на Чадеж за организирањето на имунизацијата на стопанствениците во регионот. Таа ги повика бизнисмените во Црна Гора, особено угостителите поради претстојната туристичка сезона, да контактираат со Стопанската комора на Црна Гора со цел да организираат вакцинација.

Како што дознава МИА, Стопанската комора на Македонија во рамки на Коморскиот инвестициски форум и воспоставената соработка со Стопанската комора на Србија, обезбедила можност за вакцинирање на претставници од компаниите-членови на органите и телата на Комората, а бесплатното вакцинирање ќе биде во Ниш, на 27-28 март (сабота и недела) со вакцините на АстраЗенека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе Македонци се вакцинираа против Ковид-19 во Врање, отколку во Македонија

По новинарите и полицајците се подготвуваат да се вакцинираат во Србија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумгодишно девојче се удавило во базен во бањата Косоврасти

Редакција

Лозарите бараат ревизија на работењето на Стефанс вајнери која отиде во стечај

Редакција

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Редакција