еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Осумгодишно девојче се удавило во базен во бањата Косоврасти

„На 16.03.2022 година околу 20 часот во ОВР Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Косоврасти забележано е удавено лице.

Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека, по извршен медицински преглед, не се констатирани траги на насилство. По насока на Јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството,“ изјавија од СВР-Охрид.

Според изјавите на директорот на Општата болница за МИА, Баки Алили, станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.

Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно починато лице и 141 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Редакција

Референдумот ги „живна“ старите волци: Црвенковски и Георгиевски напомош на Заев

Редакција

Ограбена експозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров

Редакција