еМагазин
Image default
Бизнис

Во јули помалку странски туристи за 94,9 отсто

Државниот завод за статистика во јули годинава евидентирал 75.591 туристи кои оствариле 436.180 ноќевања.

Бројот на туристите во однос на јули 2019 година, е намален за 56 проценти, а на ноќевањата за 36.1 отсто. Бројот на домашните туристи е намален за 4.8, а на странските за 94.9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6.3, а на ноќевањата на странските туристи за 93.4 %.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67.4 проценти, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.9, а кај странските за 79.6 %. Бројот на ноќевањата, пак, е намален за 56.6 отсто, и тоа: кај домашните туристи  за 30.8, а кај странските за 80.3 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора Инженеринг купи 48.837 акции во Комерцијална, сега поседува 15% од главнината на Банката

Редакција

Хрватски Лидер: Алкалоид успешно премина на SAP HANA системот

Редакција

Агент за недвижности за еден стан земал капар од повеќе купувачи: Парите ги нема

Редакција