еМагазин
Image default
Македонија

Во Велес 32 случаи на заразени со Ковид-19 и двајца починати

Според информацијата од министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Велес има двајца новозаболени со Ковид-19 со што бројката од 30 се искачи на 32.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, на Инфективното одделение при велешката болница моментално се хоспитализирани 18 пациенти од кои 11 пациенти се со потврден позитивен корона тест, а за останатите седум се уште се чекаат резултатите.

Филипче денеска информира дека меѓу четворицата починати во изминатото деноноќие од кроронавирусот и е еден велешанец, 58 годишен маж.

Тој беше еден од првозаразените во Велес, кој првично се лекуваше на Инфективното одделение при велешката Општа болница. Тој по неколку дена поради влошување на состојбата како итен случај беше препратен на лекување во Инфективната клиника во Скопје каде беше во изминатите дваесетина дена и каде почина.

Инаку тој е втор велешанец кој почина од Ковид-19.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои земји имаат најригорозни мерки, а кои најлабави, во борбата со коронавирусот

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Населението во Дебар ќе се тестира за стекнат имунитет на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утврдени повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци во ДИК

Редакција

Дојава за бомба и во основно училиште во Крива Паланка

Редакција

Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза, вели Русковска

Редакција