еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Во Велес се одржува Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“од ИПАРД Програмата

Во Велес се одржува вториот ден од дводневниот форум на кој претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството ќе разговараат за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и советодавната улога на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Самиот Форум се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до сега ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид на посебни инфо денови.

Инфо деновите од Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 ќе продолжат и оваа недела, и тоа на 25. октомври 2019 година во 11.00 часот во ресторан Галија во Калиште и во 15.00 часот во салата на општина Вевчани.

Моментално за ИПАРД Програмата се искористени 19 милиони евра, оваа година се очекува да се искористат дополнителни 8,7 милиони евра. Една од најпопуларните мерки од ИПАРД Програмата 2014-2020 е мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ чиј повик е моментално отворен и трае до 18 ноември 2019 година и која вкупно на располагање за реализација на инвестиции има 16,6 милиони евра.

Информациите околу инфо деновите, деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите (www.ipard.gov.mk), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа www.ipardpa.gov.mk, ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 43% од трошоците на домаќинствата во Македонија се за храна и пијалоци, во ЕУ – 13

Редакција

Со специјален протокол за заштита од Ковид-19, продолжува инфо караванот за Мерка 1 на ИПАРД низ земјата

Редакција

2020 – годината кога Европската Унија повторно ја изневери Македонија

Редакција