еМагазин
Image default
Македонија

Во Владата се уште собираат информации за начинот како е регистриран клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Македонскиот културен центар во бугарскиот град Благоевград се планира да биде отворен до крајот на годината, а неговото име ќе се определи во комуникација со нашиот Институт за национална историја, информира владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција во Владата.

– Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави дека планира да го запознае својот бугарски колега Кирил Петков дека како Влада во текот на оваа година имаме намера да отвориме нов културен центар во Благоевград, изјави Арсовски одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде отворен нашиот културен центар во Благоевград.

На прашање до каде се проверките на Владата за легитимноста на постоењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Арсовски посочи дека се собираат информации за начинот на кој е регистриран тој клуб.

– Очекуваме во најскоро време работите да бидат појасни за што јавноста ќе биде информирана. Тоа што е важно е дека се разгледуваат повеќе опции и институциите ќе постапат соодветно во овој случај, додаде Арсовски.

Вториот владин портпарол Муамет Хоџа информира дека во Софија на 14 април се одржала средба на Мешовитата комисија за изградба на новиот граничен премин Клепало на границата меѓу Северна Македонија и Бугарија, помеѓу Берово и Струмјани, додека „пред две-три недели“ во Скопје е одржана и средба на работната група број 3 за Европската унија.

– Во Софија на 22 март се одржа средба на работната група број 4 за култура, наука, образование, млади и спорт, додаде Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која беа соопштени одлуките од последната владина седница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Голем раст на кумулативната инциденца во Куманово, како изгледа состојбата низ Македонија

Редакција

Борисов на средба со Бучковски: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис

Редакција

Груевски до Заев: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели

Редакција