еМагазин
Image default
Македонија

Во Врање досега се вакцинирани 11.007 македонски граѓани со прва доза, а ревакцинирани 6.362

Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 11.007 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 6.362 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти „Југпрес“, до 6 јули годинава на Спортски центар во Врање, кој е главен вакцинален пункт во овој град, вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во Врање изнесува 71.693.

Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11.007.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 6.362 и двајца државјани на Република Босна и Херцеговина.

Вчера беа дадени 562 дози. Од таа бројка, 82 Македонци ја примија првата, додека 393 македонски граѓани ја примија втората доза на вакцината.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијата Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет

Редакција

Оставката на Коѕијас ги врати на маса „црните пари“ и тајните фондови за името

Редакција

Владата и осумте пратеници од опозицијата ги договараат амандманите, утре конечен став

Редакција