еМагазин
Image default
Забава

(ВО ЖИВО) Пет девојки пред излозите на Универзална сала Ви го носат шармот на борделите од Амстердам

Здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар Стар вечер од 18 часот организира тричасовен уметнички перформанс на пет девојки, кој директно ќе се пренесува на фејсбук-страницата на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот (ОВДЕ) и на партнерите со кои го организира настанот – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (ОВДЕ) и Коалиција Маргини (ОВДЕ).

– Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе Ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички, соопшти Стар Стар.

Перформансот е во рамки на второто издание на „Skopje Red Light District 2020“ и Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.

-Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права.

Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти, туку и од органите на безбедноста што би требало да не заштитат, соопштија организаторите, наведувајќи дека голем дел од проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики, посочуваат организаторите на перформансот.

Детали за настанот и можност за онлајн следење ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Некст тајм“ на прием кај претседателот Иванов: Oвој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања

Редакција

(Галерија) Бритни Спирс се омажи по третпат и го повтори бакнежот со Мадона

Редакција

(Видео) Слончињата Дуња и Даела уживаа во „пролетно капење“ во Зоолошката градина, се најавува наскоро отварање

Редакција