еМагазин
Image default
Забава

(Фото) „Некст тајм“ на прием кај претседателот Иванов: Oвој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања

Групата „Некст тајм“ деновиве е актуелна по преработката на старата македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“.

Коментарите за нејзината обработка се различни, од тоа дека супер ја преработиле, до тоа дека се млади за да бидат комити.

И во екот на нивната популарност, тие беа на прием кај претседателот во заминување.

„Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, напишаа тие на нивната фејсбук-страница.

Инетерсно е што портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов кој пред два дена држеше прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, беше пречекан со песната „Нешто ќе те питам бабо“.

Песната веќе има повеќе од половина милион прегледи.

фото: Фејсбук-профил на „Некст тајм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Каролина Гочева одмара во Хрватска

Редакција

Дојранскиот „Д-фест“ ќе се одржи на 22 август

Редакција

(Фото) Каролина со сопругот одмораат на грчкиот остров Крф

Редакција