еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Водостопанство“ распиша оглас за вработување на 50 лица, плата до 46.000 денари

Акционерско друштво „Водостопанство на Република Македонија“, во државна сопственост распиша оглас за засновање на работен однос на неопределено време со 50 работници.

За вработување во централата се бараат шеф на кабинет на главен извршен директор за плата од 46.000 денари, соработник за организација на работата на лодружниците за плата од 26.000 денари, технички секретар на главен извршен директор за плата од 20.000 денари, возач на главен извршен директор за плата од 20.000 денари и хигеничар/кафекувар за плата од 15.000 денари.

За подружница Полог – Гостивар две лица на работно место – референт за наводнување за плата од 15.000 денари, две лица на работно место водар за плата од 12.000 денари, еден раководител на одделение за правни работи. човечки ресурси и услуги со корисници за плата од 25.500 денари, раководител на сектор за финансиски работи, правни работи и човечки ресурси за плата од 27.000 денари и еден соработник за финансиско работење, планирање и буџет за плата од 21.000 денари.

За подружницата Скопско Поле – Скопје се бараат возач курир за 17.500 денари, возач на камион за плата од 17.500 денари и двајца чувари за плата од 15.000 денари.

За подружницата Кумановско – Липковско Поле – Куманово се бара оператор на чвориште за плата од 17.500 денари.

За подружницата Битолско Поле – Битола се бара оператор во ХМС за одводнување за плата од 12.000 денари.

За подружницата Брегалница – Кочани се бараат петнаесет лица за работно место вододелител (за периодот до 31.12. 2018 година) за плата од 12.000 денари.

За подружница Прилепско Поле – Прилеп се бара оператор на главни испусти (за периодот до 31.10. 2018 година) за плата од 12.000 денари, две лица на работно место помошник оператор на хидромеханичка опрема за плата од 12.000 денари.

За подружницата Струмичко Поле – Струмица се бараат пет лица на работно место водар за плата од 12.000 денари.

За подружницата Тиквеш – Кавадарци се бараат единаесет лица на работно место водоредар за плата од 12.000 денари и 4 лица на работно место -оператор на пумпа за плата од 14.000 денари.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед во првите шест месеци со добивка

Редакција

“Ситко Антонио“, Владимир Пецовски и членови на Управниот и Надзорниот одбор купија акции во Реплек

Редакција

Каков имот пријавил разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

Редакција