На 01.07.2019 година во 19.10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Маџари и железничката станица Илинден се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, управуван од В.Б.(35) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Б.(41) од Скопје, информира МВР.
Во незгодата била причинета материјална штета, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.