еМагазин
Image default
Локално

Возило заврши на покрив од воденица по излетување од пат кај Македонска Каменица

Патничко возило „фолксваген” излетало од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, при што на влезот во Македонска Каменица оштети угостителски објект предизвикувајки значителна материјална штета.

Очевидци велат дека несреќата се случила во текот на вчерашното попладне, при што патничкото возило во кое се наоѓало машко лице, уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз покривот од друг објект.

Како можни причини кои довеле до излетување на возилото од патот, тие го наведуваат влажниот коловоз и неприлагодена брзина на возилото.

На местото на настанот извршен е увид од екипа од Полициското одделение во Македонска Каменица и МВР Делчево, од каде се најавени дополнителни информации за причините и останатите детали за несреќата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три жени пријавиле сограѓанин за силување на нивните малолетни ќерки

Редакција

Притвор за двајца разбојници кои „филмски“ ја ограбиле заложната куќа „Астра кредити“

Редакција

Tрагедија: Градежен работник почина по пад од куќа во Радишани

Редакција