еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес во Тајван

При денешниот земјотрес што го го погоди источниот дел на Тајван, во Јули се урна продавница, а спасувачите спасија повозрасна брачна двојка.

Спасувачите се обидуваат од под урнатините да извлечат 39-годишна жена и нејзината петгодишна ќерка. При земјотресот три лица паднале од мостот Гаолоаи. Тие се спасени и се хоспитализирани.

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван, само еден ден по земјотресот од 6,8 степени.

Земјотресот бил на длабочина од седум километри, а епицентарот бил на околу 42,7 километри северно од округот Тајтунг, источен Тајван.

По вчерашниот силен земјотрес имало повеќе последователни потреси, од кои некои биле со интензитет од 5,6 и 5,9 степени што предизвикале помала материјална штета.

Тајван на 21 септември 1999 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над 2.400 луѓе.

МИА/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 940.000 евра: МЕПСО купува патнички и товарни возила од три компании

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Маркудова има стан, а има приходи и од дивиденда

Редакција

Внесувањето на Бугарите во Уставот е обврска и кон ЕУ, вели бугарскиот премиер Донев

Редакција