еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Во стампедото за Ноќта на вештерките во Сеул загинаа најмалку 151 лица

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална жалост откако во вчерашното стампедо за Ноќта на вештерките загинаа 151 лице во популарна област за ноќен живот во главниот град Сеул.

Јун изрази сочувство за жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување.

-Ова е навистина трагично, рече тој.

-Трагедија и катастрофа што не требаше да се случи, се случи синоќа во срцето на Сеул, рече тој

Толпата која славеше во популарната населба Итаевон синоќа се втурнала во тесна уличка, соопштија службите за вонредни состојби, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Дополнителни 76 лица се повредени во тепачка, изјави началникот на противпожарната станица Јонгсан Чои Сунг-беом на брифинг на местото на настанот.

Британските медиуми пренесуваат дека 19 од повредените се во тешка состојба и добиваат итна помош, соопштија официјални лица.

Инцидентот се случи синоќа по локално време. Многу од луѓето паднале на земја во тесната улица, рече Чои, додавајќи дека поголемиот број од од жртвите се на возраст од дваесет години.

Снимките на социјалните мрежи покажаа стотици луѓе натиснати во тесна, коса уличка, згмечени и неподвижни додека работниците за итна помош и полицијата се обидуваа да ги извлечат.

Други снимки покажуваат хаотични сцени во кои пожарникарите и обичните граѓани им помагаат на десетици луѓе кои изгледаат како да се во несвест.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу жртвите има и деца на возраст од 3 години: Во полициската акција во Србија уапсена поголема група педофили

Редакција

(Фото) Нашиот модел Мухамед Енуз настапи на шоу пред катедралата Дуомо во Милано, на 70-годишнината од светскиот бренд Монклер

Редакција

Путин наскоро може да биде обвинет за воени злосторства во Хаг, вели поранешен специјален пратеник на САД за воени злосторства

Редакција