еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Вработените во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Вработените во спортските обложувалници се сериозно загрижени за последиците по нивната егзистенција доколку се усвојат новите предлог-измени на Законот за игри на среќа.

„Донесувањето на ова законско решение ќе значи затворање на сите објекти и оставање преку ноќ без егзистенција 3.500 вработени во обложувалниците, а околу 10.000 вработени во целата индустрија.

Покрај тоа, евентуалното донесување на овој закон ќе има последици и по останатите субјекти, мали семејни компании со кои соработуваме, а чија заработувачка исклучиво зависи од нашето работење.

Ова е огромна штета која може да им се нанесе на голем број семејства кои ќе останат без своите основни приходи,“ истакнаа тие на денешната прес-конференција.

Од таму велат дека, иако како причина за донесување на новиот предлог-закон се наведува заштита на малолетниците, тие додаваат дека и сега целосно го почитуваат моменталниот закон кој го регулира ова, а во кој е строго пропишана забрана за пристап и учество на малолетниците во игрите на среќа.

„Ако во наш објект влезе лице за кое се сомневаме дека е малолетно, ние како вработени сме должни да побараме документ за идентификација и доколку лицето не поседува таков документ, го замолуваме да го напушти објектот. Ние немаме интерес и не сакаме малолетници во нашите објекти. Работиме чесно и според сите закони.

Во услови на ваква кревка економија и економска нестабилност, се прашуваме дали државата е свесна што ќе се случи доколку се затворат сите објекти од индустријата? Приредувачите на игри на среќа се најголемите даночни обврзници и полначи на државната каса, преку кои државата секоја година добива милиони евра во буџетот,“ велат тие.

Вработените во обложувалниците објаснуваат дека успеале да ја пребродат и најтешката година на пандемијата.

„Никој од нас не беше отпуштен, дополнително имавме и вработувања на луѓе кои останале без работа со кризата, тие беа примени во нашите фирми. Иако нашиот сектор беше меѓу првите кој беше затворен, сепак работодавците обезбедија редовни плати и придонеси за сите вработени, не дозволувајќи да останеме на улица.

Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме. Ако се усвојат законските измени, ќе излеземе сите на улица, на протест. И не само ние вработените од спортските обложувалници, туку и сите кои се засегнати од вакво законско решение,“ истакнаа тие.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје започна постапка за присилна наплата на данок на имот и фирмарина за 2019

Редакција

ДОМ го поддржува Законот за минимална плата на ССМ

Редакција

Од Скопје до Штип преку Миладиновци за патарини во еден правец ќе плаќаме 160 денари

Редакција