еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Град Скопје започна постапка за присилна наплата на данок на имот и фирмарина за 2019

Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

Од градот информираат дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека: danoci.skopje.gov.mk.

– Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје.

Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните,  односно таксените обврзници, информираат од Град Скопје.

Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение, посочуваат од Град Скопје, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлацијата во април зголемена за 0,7%

Редакција

Што пишува во Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на струја, донесена од Владата

Редакција

Сите детали: Колку пари граѓаните ќе може да си вратат со повратот на ДДВ

Редакција