Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена.
Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени – 2 степена, 2 во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.