еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Врнежите продолжуваат, некаде и со засилен ветер од 70 километри на час

Најмногу дожд наврна во Охрид и Дебар, а снежна покривка има на Попова Шапка.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Охрид се наврнати 26 л/м2, 22 во Дебар, 19 во Претор и Пожаране, 18 во Берово, 17 во Битола и Крушево, 14 во Прилеп, 12 во Струмица и Дојран, 11 во Демир Капија, девет во Тетово, осум во Крива Паланка и Штип, шест во Скопје-Зајчев Рид, четири во Куманово и два во Скопје-Петровец.

На Попова Шапка висината на снежната покривка утрово изнесува 46 сантиметри.

Утринската температура во целата земја била над нула. Во Крива Паланка, Тетово и Крушево се измерени нула степени, еден во Скопје-Зајчев Рид, Дебар и Куманово, два во Скопје-Петровец, Штип и Берово, три во Битола и Прилеп, четири во Демир Капија и Струмица, пет во Охрид, Гевгелија,  Дојран и осум степени во Претор.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, со врнежи од дожд. Утрово појава на магла има во кривопаланечкиот регион.

Во текот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2.

Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје, облачно време со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Анима мунди“: Пострашно од судбината на коњите во Македонија е да се соочуваш и бориш против институционалната зачмаеност

Редакција

(Видео) Трогателна приказна за шестмесечно доенче: „На Бисера и се врати насмевката“

Редакција

Пациенти со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот Трикафта

Редакција