еМагазин
Image default
Македонија

Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15.899 кандидати, 14.320 се пријавиле за англиски јазик.

Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Првиот испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни.

Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15.899 матуранти пријавени за државната матура, 7.135 се од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 13 упатени на вонреден технички преглед

Редакција

Куновска: Жените од ВМРО-ДПМНЕ самопрогласени жртви

Редакција

Двајца поранешни владини функционери под истрага за злоупотреба на службена положба

Редакција