еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонија го победи Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 вечерва против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Средбата од Лигата на нации беше решена по само 15-ина минути игра кога на семафорот стоеше 3:0 за домаќинот.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот почеток покажаа одлучност да ги освојат бодовите и веќе во 4. минута поведоа преку Енис Барди. Следуваа два погодока на Бојан Миовски (14. и 16. минута) за убедливи 3:0. До крајот на првото полувреме Дарко Чурлинов (31. минута) зголеми на 4:0.

Во второто полувреме мрежите на двете страни мируваа.

Ова е втор триумф за Македонците во меѓусебните дуели во јунскиот циклус. Пред една недела во Гибралтар резултатот беше 2:0.

На другиот натпревар од четвртата група во Ц-сегментот Грузија и Бугарија одиграа нерешено 0:0.

По три кола македонскиот национален тим има седум бода и е втор на табелата, зад лидерот Грузија која има бода 10 бода. Бугарија е трета со три, Гибралтар е последен со еден освоен бод.

МИА/Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Листа на должници на УЈП: Јавни претпријатија имаат милионски долгови за неплатени давачки

Редакција

657 нови случаи на Ковид-19 од 2.347 тестирања, најмногу во Скопје 323

Редакција

До сега попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови

Редакција