Европратениците вчера во Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур, Франција, изгласаа Македонија за влез во Европската унија (ЕУ), да преговара со Бугарија, и за нејзината историја.
Оваа секако е уште еден преседан кога е во прашање европскиот пат на земјава, што ни една земја не го преговарала на ваков начин, а очигледно и други земји од Балканот ги чека истото.
Имено, во Извештајот на ЕП за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, унгарскиот европратеник Томас Вајц, беше изглсасан и спорниот не само за Македонија, Став 73, со кој заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања ќе треба да даде „јасни и опипливи резултати“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Резултатите пак ќе треба да ги даде врз база на „објективни, автентични и докажани историски извори и документи“, а текстот на Извештајот го содржи и концептот на „заедничка историја“, со што Унија си даде улога да “изиграва“ некаква си историска Академија.
Вајц се обиде со амандман да го избрише ставот, ама мнозинството европратеници беа против тоа.
Што ќе одлучи македонскиот Уставен суд
Спорниот Втор протокол на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, кој е дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, во јули лани, пред македонскиот Уставен суд го оспори поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа побара негово преиспитување, а во нејзината иницијатива се оспоруваат делови од документот, со аргументација дека тој има значајни политички и правни последици врз надворешната политика на државата и врз процесите поврзани со историските и образовните прашања.
Судот ја прифати инцијативата, но и по речиси една година, се уште се нема произнесено по неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија
Фото: Уставен суд













