Уште еден заболен од Ковид-19 е регистриран вчера во Делчево. Од Здравствениот дом во Делчево информираа дека пациентот е згрижен во Штипската клиничка болница, каде се опоравува.
-Од вчера имаме нов случај на пациент, чиј тест е позитивен на коронавирусот. Пациентот е во болница и бил во контакт со претходно заболената, која исто така е хоспитализирана. На двајцата им посакуваме поскоро оздравување.
Се надеваме дека нема да има нови други случаи, но апелираме да не се крева паника и да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.
Од таму додадоа дека се утврдуваат контактите на двата случаи и се чекаат резултати од тестирањата.
Ова е втор активен случај за неполни два дена во Делчево. Во околните општини, во Берово седум лица се позитивни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 107 бремени жени заразени со Ковид-19 во Македонија, половина немале симптоми
26% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми
МИА/Фото: МЗ