еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Вучиќ на 28 и 29 јули во Скопје на Економски форум со претставници на над 175 српски фирми

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на шефот на српската држава.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според најавата, Заев, Вучиќ  и Рама во Скопје ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка, организиран од стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Според податоците од веб-страницата на Економскиот форум, свое учество на собирот досега пријавиле вкупно околу 300 компании, од кои 175 од Србија, 79 од Северна Македонија, 28 од Албанија, девет од БиХ, како и фирми од Австрија, Тајван, Полска и Грција.

Агенцијата за развој на Србија најави дека како дел од активностите на настанот, предвидени се деловни средби на бизнисмени од регионот по одржување на официјалниот дел од форумот.

Како што вчера изјави српскиот претседател во Скопје ќе бидат потпишани договори за менување на името на иницијативата „Мини Шенген“ и за воспоставување на посебни „брзи ленти“ на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот.

– Ние работевме на три документи и верувам дека во Скопје ќе ги потпишеме, тие се важни документи за трговијата, работните дозволи и заемната поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи, изјави Вучиќ.

Тој изрази уверување дека „ќе биде направено многу за економскиот напредок на целиот регион и за Србија“.

– Ќе се обидеме да се договориме и за други работи на оние земји кои им припаѓаат од Малиот Шенген, кому ќе му дадеме ново име, затоа што нема никаква врска со Шенген. Ќе покажеме дека можеме да одиме уште подалеку.

Ако имаме шест или осум ленти за луѓето што доаѓаат од ЕУ, ќе имаме посебни ленти за луѓето од регионот или за овие три земји да можат побрзо да поминат, за луѓето да ја видат придобивката – да можат да поминат побрзо од оние што доаѓаат од ЕУ, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде и дека онаму каде што ќе се постигне договор ќе биде направени т.н. „fast track“ (брз пат).

– Ќе направиме фитосанитарна инспекција 24/7 за да можат нашите бизнисмени да работат побрзо и да можат да остварат поголема заработка и профит, додаде Вучиќ.

Иницијативата која досега се нарекуваше „Мини Шенген“ има за цел воспоставување на заеднички регионален пазар, кој, како преодна форма, треба да го приближи регионот кон ЕУ и да го забрза патот кон полноправното членство за земјите од Западниот Балкан.

Заедничкиот пазар на Западниот Балкан, согласно оваа иницијатива, се заснова на принципите на слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, исто како и во единствениот пазар на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ ќе отвори брза лента за Македонците и за Албанците, Европејците ќе си чекаат

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово изгради модерен автопат до македонска граница, ние 13 километри до 2025

Редакција

Лидерите на Западен Балкан од Драч ветија поддршка и заедништво при природни катастрофи

Редакција

Со Грција ќе се отвараат два нови гранични премини, едниот кај Мајден, другиот кај Маркова нога

Редакција