Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
„Вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примен пациент и двајца биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени двајца оздравени пациенти.
Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 50 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 68 пациенти.
Вкупно 137 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.
Фото: МЗ