еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 5 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 71 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и пет биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 10 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 37 пациенти.

Вкупно 71 пациент потврден и сомнителен за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ му се извини на Заев што не испратил соопштение за средбата со Мицкоски

Редакција

Новозаразените со Ковид-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции

Редакција

Макрон со поддршка за почеток на преговори со Скопје и Тирана

Редакција