Макпетрол АД Скопје преку Македонската берза информира дека и го продал на државата својот удел во ГА-МА АД Скопје.
Во известувањето од Макпетрол до Берзата информираат дека предмет на продажба е акцијата која Макпетрол ја има во ГА-МА, а вредност на зделката е 2.015.382.127 денари, односно 24 отсто од вредноста на активата на Друштвото определена врз основа на последните објавени финансиски извештаи заклучно со 30.06.2021 година.
„Висината на зделката е утврдена врз основа на извршена проценка на капиталот од овластен проценител, со која се утврдува пазарната вредност“, се вели во известувањето, во кое стои дека корисници на зделката се Владата и Макпетрол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макпетрол за расправата за ГА-МА во Собранието: Државата купува капитален објект по реална цена
Спогодбено ќе се решава спорот помеѓу Владата и и „Макпетрол“ за гасоводниот систем ГА-МА