еМагазин
Image default
Македонија

За два дена 11 новозаразени лица со коронавирусот во Прилеп

Шест нови случаи на заразени лица од Ковид-19, денеска се евидентирани во Прилеп, што значи со вчера регистрираните пет лица, само за два дена има 11 новозаразени.

До овој момент нема информации за новоизлекувани од заразната болест, информираат локалните власти.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирусот.

Во делот за изолација се шест пациенти од кои тројца се негативни на коронавирусот, а на другите тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 168 лица.

Инаку, во изминатото деноноќие се забележани четири нарушувања на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова реалност: Купена облека ќе пробуваме дома, на летување со тест за Ковид-19, на забар ќе ни мерат температура

Двесетина лица се заразиле со коронавирусот на семејниот настан во Скопје

Нови 29 случаи на заразени со коронавирусот во Македонија, вкупно 1.723

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми

Редакција

Убава вест: 363 оздравени од Ковид-19

Редакција

Владата не се меша во работата на ИВЗ, велат од таму за обвинувањата на Реџепи

Редакција