еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За два денари поскапува бензинот Еуросупер БС-98

Бензинот Еуросупер БС-98 поскапува за два денари од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари.

Не се менуваат малопродажните цени на Еуросупер БС-95, како и на Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, одлучи денеска Регулаторната комисија за енерегетика и водни услуги (РКЕ).

Литар Еуросупер БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари, 100 денари Еуродизел БС (Д-Е V), а 97 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1).

РКЕ одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на вчерашната одлука.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317 проценти, кај дизелот намалување за 0,078 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,110 проценти  и кај мазутот зголемување е за 0,802 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,444 проценти, информира РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока температура најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Ослободителни пресуди за петмина обвинети во случајот „Шпион“

Редакција

ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ: Добро организирани избори, со мирен, уреден и транспарентен изборен ден

Редакција