еМагазин
Image default
Локално

За еден ден 515 сообраќајни казни во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од МВР.

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 515 мерки, меѓу кои 42 за возење без возачка дозвола, 37 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 113 санкции за непрописно паркирани возила, 8 за управување под дејство на алкохол, 71 возило подигнати со „пајак“ и 36 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

Редакција

Пустош во кичевско: Бесправно исекле 400 дабови стебла

Редакција

Тројца „јунаци“ натепале и ограбиле 88-годишен маж сред бел ден во Скопје

Редакција