еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пријавени над 130 случаи на оштетени поради поплавите и пожарот во Тетово

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами информираше дека има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите.

– Од тие 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави Биљал Касами.

Исто така општината ќе почне со интензивна дезинфекција и чистење на улиците.

– Што се однесува на чистење и дезинфекција, информираме дека во рамки на Општина со свои капацитети е направено тоа. Чекавме, но немаме одговор од Владата во кој дел тие ќе се вклучат.

ЈКП и пожарната поинтензивно ќе го продолжат тој процес на чистење и дезинфекција. Ќе се справи Општина Тетово со сите последици од поплавите, рече Касами.

Тој информираше дека по наредба на јавен обвинител е направен увид на местото од пожарот и се чека информација за причини за опожарување на фабриката.

– Фабриката е под надзор, материјалите не можат да се тргнат од таму се додека не се дознаат причините за пожарот. Владата е навремено информирана но нема одговор во кој дел Владата ќе излезе во пресрет. Ние очекуваме дека ќе помогне, и со заеднички сили да се справиме со ситуацијата, изјави Касами.

На состанокот ТППЕ Тетово известиле дека состојбата е стабилна, но во интервенцијата на пожарот претрпеле сериозна материјална штета, а голем дел од вработените се соочиле со здравствени проблеми.

– Од Центарот за јавно здравје Тетово, најавија детални анализи на крвта на сите пожарникари за да се утврди нивната здравствена состојба. Од општинскиот инспекторат известија дека заедно со држав ниот инспекторат за животна средина излегле на терен и ги направиле потребните проверки поврзани со животната средина, потенцираа од Кризниот штаб.

Од Секторот за комунални дејности известуваат дека поплавите предизвикале значителни проблеми во патната инфраструктура, но започнале интервенции за санирање на истите, како што се улица „146“ и патот од Шипковица до Бродец.

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација го врати „Талир 2“, предметот за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на повторно судење

Редакција

Зошто одлуката на Вселенската патријаршија за МПЦ-ОА е важна за македонската државност, објаснува проф. Зајковски

Редакција

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа кај Росоман

Редакција