еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација го врати „Талир 2“, предметот за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на повторно судење

Поради измените на Кривичниот законик, Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

За случајот беа осудени поранешниот премиер и лидер на партијата, Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

-Апелациониот суд Скопје одлучувајќи по предметот КЖ-232/23 познат во јавноста како Талир 2, по одржаната јавна седница на 23.11.2023 година, а на нејавен дел од седницата на 26.01.2024 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Н.Г, К.Б, на ОЈО Скопје и на правното лице ВМРО – ДПМНЕ, сите изјавени против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1413/19 од 07.06.2022 година, а одлучувајќи по жалбите и по службена должност поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд, информираа од Апелација.

Груевски доби и нов 30-дневен притвор сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

-Воедно, со посебно решение, Судот спрема обвинетиот Н.Г. – недостапен на органите на прогонот, определи мерка притвор во траење од 30-триесет дена сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 1 од ЗКП – опасност од бегство, велат од Судот.

Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд Скопје ја донесе во јуни 2022 година, а според истата Груевски и Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари.

Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинението за „Талир 2“ е паушално, смета одбраната на Груевски

За што се работи во предметот „Талир 2“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата аудио снимка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За министерот Сали, Даниловски, дава несериозни изјави опасни за општеството, професорот му врати со аргументи

Редакција

Убава вест: Во штипскиот регион излекувани 25 пациенти од коронавирусот

Редакција

Филипче: Поради доцнење на испораките, ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини против Ковид-19 од Кина

Редакција