еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За министерот Сали, Даниловски, дава несериозни изјави опасни за општеството, професорот му врати со аргументи

Министерот за здравство Беким Сали денеска одговорајќи на новинарско прашање истакна дека професорот Драган Даниловски, кој пред неколку дена го покани да биде дел од Комисијата за заразни болести, не е спремен да се справи со реалноста.

“Јас не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, меѓутоа не се спремни да се справат со реалноста, и даваат за жал необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат на општеството“, рече Сали.

На Фејсбук реагираше Даниловски.

“Едно нешто ме чуди. Како е возможен ваков дијаметрално различен став?

Професорот Даниловски до само пред некој ден, како „угледен“ експерт, беше пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ се обвинува како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“!?

Не сум бил спремен да се справам со реалноста!?

Јас – токму затоа што ја согледувам реалноста – со име и презиме (а не затскриен и покриен зад било какво тело, комисија, колективитет, партија), две години – волонтерски – се трудам да помогнам да се оптимизира курсот на мерките против пандемијава!

Не носи ли тоа неспоредливо поголема одговорност?

Јас немам апетити, амбиции, ниту за кариера, ниту за лична промоција! Само се обидувам да помогнам безусловно!

Нема експерт во епидемиологијата што може да противречи на ноторниот факт дека не е испочитуван член 27, став 1 на Законот за здравствена заштита, кој гласи:

„Член 27

(1) Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги пропишува министерот за здравство.“ (1)

Зошто? Затоа што такво упатство не постои во форма на подзаконски акт! Тоа е видливо од самиот сајт на Министерството за здравство, во делот „Инфектологија“, каде што се гледа дека не постои Упатство за Ковид-19! (2)

Оттаму, секое тврдење дека протокол (упатство) постои, можеби се однесува само на некаков интерен протокол, кој не ги обврзува здравствените установи да го применуваат!

Клиниката за инфективни болести направила протокол? Во ред! Се почитува ли тој протокол од страна на сите здравствени установи во државата?

Не!

Зошто? Затоа што немаат сила на законска обврска!

И нешто многу важно… Има ли протокол за третман на Ковид-19 од страна на матичните доктори?

Нема!

(Нека кажат матичните доктори имаат ли протокол!)

Значи, неопходно е да се изготви протокол и за амбулантски третман на болни од Ковид-19!

За да се почитуваат тие протоколи, господине министре, подигнете ги на ниво на законска обврска! Направете ги подзаконски акти! Имате ингеренции за тоа.

Членот 27, став 1 на Законот за здравствена заштита е недвосмислен!

Референции: zfr.org.mk и zdravstvo.gov.mk“, напиша тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка оствари добивка од 11,4 милиони евра за шест месеци

Редакција

(Фото) „Бехтел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски јазик“, кој не постои

Редакција

Не може за секој еден сој, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, вели Филипче

Редакција