еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 107 деца до 9 години заболени со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 30 ноември до 6. декември покажуваат дека најмногу новозаболени има во возрасната група на лица над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.244; 19,2%), 40-49 (n=1.222; 18,9%), 50-59 (n=1.217; 18,8%) и 20-29 (n=791; 12,2%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=107; 1,7%) и 10-19 години (n=243; 3,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување од 4,2%: За една недела 6.463 нови случаи на Ковид-19

Шест лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 184 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Прво техничка Влада, технички премиер, па избори

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Убава вест: Оздравени од корона вирусот 41 пациент

Редакција