еМагазин
Image default
Македонија

Ковид центар Тетово: Се намалува бројот на заболени, но априлскиот бран беше побурен од ноемврискиот

Намалувањето на бројот на луѓе кои бараат да бидат прегледани во ковид-центарот укажува дека во тетовскиот регион се помалку ќе има болни поради коронавирусот.

Координаторот на ковид-центарот, Гзим Нуредени на денешната средба со новинарите истакна дека намален е бројот на хоспитализирани.

„Амбулантските прегледи се намалени. Има околу 20 до 30 дневно, а имало од 70 до 100. Имаме луѓе со лесна клиничка слика, тие се на домашно лекување. Од хоспитализираните половина се со блага клиничка слика.

Секако има и луѓе со повеќе хронични болести, кои на пример две недели се на болничко лекување, но општо се стабилизира состојбата,“ рече Нуредени.

Тој потенцира дека од друга страна во споредба со ноември кога имаше огромен број заболени, досега во април имаше бран во кој кај заболените болеста брзо добила на интензитет.

„Здравството и населението мислеа дека сегашниот бран е „помек“, но беше 40 отсто појак од ноемврискиот. Ова го велам поради бројките на пациентите, според амбулантските прегледи, клиничката слика, плус британски сој, пациенти доаѓаа порано со позитивни тестови.

Полош е од ноември и дај Боже да немаме друг бран. Се ќе зависи од вакцинацијата колку брзо ќе се спроведе. Ако биде брзо нема да имаме друг бран,“ изјави докторот Нуредини.

Во ковид центарот во Тетово има 35 луѓе на болничко лекување.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи го осуди руското признавање на украинските области Доњецк и Луганск за независни држави

Редакција

Убава вест: Оздравени 376 болни од Ковид-19

Редакција

Ковачевски тврди дека македонскиот идентитет е обезбеден засекогаш

Редакција