еМагазин
Image default
Македонија

За една недела вакцинирани околу 50 илјади граѓани

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е, истакнуваат од МЗ, значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани.

Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани, соопштија од Министерство за здравство.

Со последните бројки 67 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

– Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, потсетуваат од Министерство за здравство.

Порачуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и наглсуваат дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маски казнети 319 лица

Редакција

Убава вест: Оздравени 168 заразени со Ковид-19, најмногу во Скопје 68

Редакција

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција