еМагазин
Image default
Македонија

За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија, вели Меџити

Клиничкиот центар е проект што останува како приоритетн во мојот фокус. Тоа прашање бара многу подготовки. Заинтересирани се англиска и турска компанија, но и други компании, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција.

-Тоа е многу добар капитален проект и треба да се среди еднаш засекогаш. Потребно е многу време за подготовка. Има многу заинтересирани групации. Заинтересирани се англиска и турска компанија и уште неколку други компании. Овој проект го презентиравме пред неколку амбасади, меѓу кои и онаа на САД. Работиме во оваа насока, појасни Меџити.

Меџити нагласи дека негов најголем предизвик и е да го спои Клинички центар Скопје. Повтори дека Информацијата е пратена до Влада, објаснувајќи дека потоа се потребни да поминат промените на Законот за здравствена заштита во Собрание.

-Ние работиме на тоа и секој ден сите не уверуваат и самите пациенти и самото работење дека тоа треба час поскоро да се случи. Јас ви кажав дека и во договор со директорите на ФЗОМ имаме иста визија дека со почеток на буџетската година ќе биде најлесно за да се спојат и ова да почне да функционира, рече тој.

Околу немањето места за паркирање на Клинички центар, Меџити рече дека работат на тоа прашање и најави дека за кратко време ќе презентираат финална верзија.

На новинарско прашање дали е информиран дека заедничките служби на Клинички центар веќе два месеца немаат земено плата, министерот Меџити истакна дека тие се под ингеренции на Владата и не сакаше да коментира повеќе.

-Тие се под ингеренции на Владата, а не под Министерството. За тие заеднички служби не сакам да коментирам повеќе. Јасен е мојот став за јавноста, рече тој.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Колаж со наслов како „молчев“, замислете колку сум „молчел“ зад завеси

Редакција

Пресврт: Мијалков останува во притвор, овој пат за „Плацови на Водно“

Редакција

Приведено уште едно лице за инцидентот кај Скендербег, кое пукало со пиштол

Редакција