еМагазин
Image default
Македонија

За неколку дена ќе има предлог за амбасадор на Македонија во Бугарија, најави Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови тоа ќе се случи.

Последниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев, чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коалициските партнери од власта, во недела на средба

Редакција

(Фото) МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска

Редакција

Бојан Јовановски – Боки 13 отстранет од судница на рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Редакција