еМагазин
Image default
Македонија

За предлог мерките за невакцинираните ќе се одлучува на наредната владина седница

Мерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид-19, предлог на Министерството за здравство (МЗ) и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопшти МЗ.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок.

Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.

На владината седница требаше да се разговара и за барањата на синдикатите за два платени слободни дена по вакцинацијата и ПЦР тестирањето за оние кои не сакаат да се вакцинираат, да биде на трошок на работодавачот.

Синдикатите вчера на средба со министерот за здравство Венко Филипче побараа да биде продолжен на 15 дена и рокот кога ќе почнат да важат мерките, наместо 10 дена како што предлага Комисијата за заразни болести.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер

Редакција

Обвинетите ќе изведуваат докази за „27 април“

Редакција

Укинат куќниот притвор на Јанакиески за “Титаник“

Редакција