еМагазин
Image default
ЖИВОТ

За викендот студено време со сончеви периоди, температурите под просекот

Синоптичарите за викендот најавуваат променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината.

Утринските температури утре низ целата држава ќе бидат под нулата.

Најстудено се очекува да биде во Маврово каде, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата ќе се симне 15 степени под нулата. Дневните температури ќе се движат од -4 до 7 степени.

Во недела, исто така, утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -14 до -5 степени, додека дневните ќе достигнат максимум до 9 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од четврток топол бран, температури над 40 степени

Редакција

Од ноќеска дожд и северен ветер

Редакција

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

Редакција