еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За време на викендот локализирани десетина пожари

За време на викендот до денеска регистрирани се десетина пожари на отворен простор, каде горела сува трева и дабова шума, сите се локализирани и изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи во атарот на село Дрен, горела сува трева и дабова шума. Интервенирано е со едно ПП возило и три пожарникари.

Во Крушево пак, повторно се реактивирал пожарот во атарот на село Алданци, каде горела сува трева и нискостеблеста деградирана дабова шума. На терен интервенирано е со едно ПП возило, три пожарникари од ТППЕ-Крушево, едно ПП возило од општина Кривогаштани, 12 вработени во НШ „Липа“ и двајца припадници на МВР. Пожарот е целосно локализиран.

Територијалната противпожарна единица Прилеп интервенирале на место викано Топташ каде горела сува трева, а биле загрозени и викенд куќи. Интервенирано е со две ПП возила и пет пожарникари.

ТППЕ Прилеп во изминатото деноноќие имале уште две помали интервенции во градот и околината.

РЦУК – Скопје, БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имале една помала интервенција надвор од градот.

Четири пожарникари со две ПП возила и тројца вработени во Македонски шуми интервенирале во гасење на запалена сува трева на површина од околу три хектари во атарот над село Сенокос во општина Гостивар. Пожарот настанал покрај дива депонија.

ТППЕ Кичево во изминатото деноноќие имале една помала интервенција надвор од градот. ТППЕ – Македонска Каменица имале интервенција на градската депонија со три возила, пет пожарникари, едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Делчево. Во интервенцијата исто така учествувале и едно товарно возило и три грејдери од ЈП Камена Река. Пожарот е локализиран, но не е целосно изгаснат, на некои места се уште има дим.

Како што соопштуваат од ЦУК на местото е останата екипа од ТППЕ – Македонска Каменица заради контрола на пожарот.

ТППЕ Куманово исто така, имале една помала интервенција надвор од градот.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 27 пациенти од Ковид-19

Редакција

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Редакција

Македонија го заврши учеството на Светското првенство во ракомет со пораз од Белорусија

Редакција